Турција: Се урна зграда оштетена во минатомесечните земјотреси

Во турскиот град Малатија се урна шесткатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари.

Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува Анадолија.

Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.

Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Анадолија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *