Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска во Европскиот парламент кажа дека нивните инспекции низ украинските нуклеарни централи покажале дека во нив нема воена опрема. Гроси денеска ја даде изјавата само еден ден откако руската разузнавачка агенција ја обвини Украина дека крие западно оружје во нуклеарни постројки низ земјата, тврдење кое […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика во Берлин за побрза испорака на ново оружје за Украина, откако Полска официјално побара дозвола од Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Киев за поуспешна борба против руските сили. „Во овој клучен момент од војната, треба да испорачаме посилни и понапредни системи во Украина и тоа треба […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ја исклучува можноста Русија да ја нападне неговата земја од соседна Белорусија. -Меѓутоа, за Украина ќе биде вистинско изненадување доколку биде нападната од самата Белорусија, додаде истовремено Зеленски, цитиран од УНИАН. Украинскиот претседател зборуваше на заедничката прес-конференција во Киев со неговиот фински колега Саули Ниинисто. Претходно денеска […]
Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар во станбен oбјект до Ерменската католичка црква „Свети Спас“ во истанбулскиот кварт „Бејоглу“. „Пожарот избувна во 21:45 часот по локално време на 23 јануари“, изјави главниот уредник на истанбулскиот весник „Заманак“, Ара Гочунјан. Тој додаде дека веднаш пристигнала екипа на противпожарна единица. На местото на […]
Едвин Вагенсвелд, водачот на холандското движење Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА), викендов во Хаг го искина Куранот. Вагенсвелд на својот Твитер-профил сподели видео на кое го кине Куранот пред зградата на Парламентот во Хаг. За време на инцидентот бил сам и се се одвивало под полициска заштита. Тоа му било дозволено под услов […]
Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот, соопшти на својата интернет-страница Британското антарктичко истражување (БАС). „Огромна санта мраз (1.550 квадратни километри), голема речиси колку Лондон се откина од ледениот појас Брант со дебелина од 150 метри. Ледениот брег се откина откако пукнатините што се појавија природно во текот на изминатите неколку години се […]
Американската автомобилска компанија Форд мотор планира да укине 3.200 работни места во Европа и дел од производството да префрли во САД, објави германскиот синдикат ИГ Метал. Компанијата планира да отпушти до 2.500 работници во одделот за развој на производи и до 700 во администрацијата, а поголемиот број работници што ќе добијат отказ ќе бидат во […]
Откако неколку високи украински функционери денеска поднесоа оставки поради наводните набавки на воени материјали по повисоки цени, портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро изјави дека како дел од процесот на проширување, во кој сега се наоѓа Украина, се очекува таа да ја зајакне својата борба против корупцијата. Станува збор особено за „корупцијата од висок профил“, […]
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека украинската страна му предложила на Минск да склучи пакт за ненапаѓање, пренесува белоруската државна агенција „Белта“. Според него, Западот не се откажал од своите планови, кои се однесуваат на Белорусија, да продолжи со обука на милитанти и екстремисти во Украина. „Не знам што ќе им е тоа на […]
Холандија на крајот на месецот во Полска ќе испрати осум модерни борбени авиони Ф-35, соопшти холандското Министерство за одбрана. „Четири борбени авиони ќе бидат достапни за заштита на воздушниот простор на НАТО над Источна Европа“, објави холандското Министерство, додавајќи: другите четири авиони Ф-35 ќе учествуваат во програми за обука со сојузниците на зголемување на подготвеноста […]