Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Романија. Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од градот Таргу Зиу, недалеку од границата со Србија, на длабочина од еден километар, според проценките на Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Истото подрачје минатата недела беше погодено од серија умерени земјотреси, од кои некои беа […]
Москва ги повика членките на ОН да гласаат против „неурамнотежената и антируска“ резолуција на Генералното собрание, од страна на Киев и други, со која се планира да се одбележи годишнината од рускиот напад врз Украина. Кон крајот на неделава 193-членото Генерално собрание на ОН треба да гласа за нацрт-резолуција која ја нагласува „потребата да се […]
Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба прогласена во име на борбата против криминалните банди. Мерката, што стапи на сила на 6 декември како дел од стратегијата на левичарскиот претседател Ксиомара Кастро за борба против криминалот, суспендираше некои уставни права и им дозволи на безбедносните сили да приведат луѓе за кои веруваат дека […]
Високиот кинески дипломат Ванг Ји и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев се согласија за време на состанокот во Москва дека мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион треба да бидат цврсто поддржани и се спротивставија на враќањето на „менталитетот“ на Студената војна, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Ванг, инаку директор на […]
Во Варшава денеска ќе се одржи состанок на земјите од Б9 каде учесник ќе биде и американскиот претседател Џо Бајден. Форматот на политичкиот дијалог ги обединува земјите-членки на НАТО Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, Унгарија, Чешка, Полска и Бугарија. Во фокусот на разговорите се очекува да биде зајакнувањето на источното крило на НАТО, на што […]
Европската унија е блиску до воведување на десеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина, а се очекува денеска, доколку се надминат разликите во ставовите во однос на забраната за увоз на гума и дијаманти од Русија, да биде постигнат конечен договор, потврдија дипломати од земјите членки на ЕУ. На санкционираната листа треба […]
Наставата во украинските училишта ќе биде онлајн од денеска до 24 февруари поради ризикот од руски ракетни напади во врска со приближувањето на првата годишнина од инвазијата на руските сили во Украина. Според украинските власти, Русија може да почне со напади за да ја „одбележи“ годишнината в петок. Во врска со годишнината од инвазијата, украинското […]
Во земјите од Европската унија потрошувачката на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и воведувањето на вонредни мерки за сузбивање на енергетската криза, соопшти денеска Евростат. Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август […]
Во Франција не врне дожд 31 ден, што е најдолгиот зимски период без врнежи од 1959 година, кога првпат почнале официјалните мерења, јавија денеска француските медиуми. Во извештајот на националната метеоролошка служба Метео Франс, се наведува дека почвата низ Франција е многу сува за овој период од годината и тоа по долгата суша што ја […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на говорот на американскиот претседател Џо Бајден во Варшава вечерва. Во реакција на Твитер, Зеленски им се заблагодари на Бајден и Америка за „нивното лидерство во собирањето на светот за поддршка на слободата и за нивната клучна помош за Украина“. – Заедно одиме кон заедничка победа и мора да ја […]