Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази сочувство до семејствата на жртвите од хеликоптерската несреќа во Украина и додаде дека САД ќе му оддадат почит на загинатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, кој, како што рече, „континуирано бил посветен на зачувување на демократијата во Украина“. „Ќе го почитуваме тоа наследство преку напорите да ги зајакнеме украинските […]
Обединетите нации ги повикаа сите потписнички на Договорот за извоз на жито преку Црното Море да ја подобрат ефикасноста на извозот и соопштија дека организацијата не може да биде одговорна за тоа што повеќе од 100 бродови сè уште чекаат во водите на Турција за одобрение да поминување низ Босфорот. Според договорот кој во јули […]
Речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнаа во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571. УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 […]
По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг побара денеска во Давос да се испрати повеќе оружје во Украина. – Ова е клучен момент во војната и помошта за Украина треба значително да се зголеми, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс, на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека „ако утре сакаме мирно решение […]
Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто. „Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот […]
Хеликоптер се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари, во близина на Киев. Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката. Според последните информации од попладнево има најмалку 14 загинати, а меѓу нив има и дете. Во хеликоптерот загинаа […]
Брајан Волш, кој е обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Волш, која исчезна на 1 јануари во Кохасет САД, денеска беше изведен пред суд, каде му беше прочитано обвинението, објавија американските медиуми. Обвинителот ги прочитал деталите каде се движел Брајан по исчезнувањето на Ана, што барал на Интернет, како и тоа дека е пронајдена […]
Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на […]
Украинската Влада денеска го именуваше шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко, за заменик-министер за внатрешни работи и му ги довери овластувањата за вршител на должноста министер за внатрешни работи, соопшти украинскиот премиер, Денис Шмигал. Назначувањето на Клименко беше објавено само неколку часа откако украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирск, загина при пад […]