Пасторот Франциско Барајах почина откако се обидел да пости 40 дена, по примерот наведен во Библијата, имитирајќи го Исус. Бараја (39) воедно и основач на Евангелистичката црква Санта Триндад, починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, при што му е констатирана акутна анемија и откажување на органите за варење. […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти. Борел […]
Во Романија денеска е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од градот Таргу Јиу. Тоа е 26. земјотрес регистриран во Романија во изминатите 69 часа, но нема материјална штета. На 13 февруари во Романија имаше земјотрес од 5,5 степени, а следниот ден беше […]
Висок украински функционер денеска ја отфрли можноста за мировни преговори со Москва доколку Русија не се повлече од Украина, повторувајќи го претходниот став на Киев пред почетокот на меѓународната безбедносна конференција во Минхен, на која главна тема ќе биде војната. „За декриминализација на глобалната политика и вистинска глобална безбедност, војната мора да заврши со победа […]
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Романија во округот Горж, каде претходно оваа недела се случија два умерени земјотреси, јавија романските медиуми. Поради земјотресот утрово е евакуирана подрачната управа на Горж, јавува ТВ Диги 24. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,7 километри. Серија потреси беа регистрирани […]
Екстремно високите температури во Аргентина поврзани со климатските промени го влошија влијанието на историската суша што ги погодува земјоделските области на јужноамериканската земја од минатата година, велат научниците во најновиот извештај. Научниците поврзани со групата World Weather Attribution (WWA) велат дека брзата анализа покажала дека климатските промени директно не ги намалуваат врнежите, но дека високите […]
Највисоките кинески лидери прогласија „решавачка победа“ над Ковид-19, велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицинска помош и имаат најниска стапка на смртност во светот. – Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на Ковид-19 направи непречена […]
Бао Фан, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, е недостапен веќе неколку дена, соопшти вчера компанијата, а пренесе BBC. Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго […]
Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот. За избор на новата влада гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место. Речеан, 48-годишен економист кој една година беше советник […]
Уште едно чудо се случи во Турција, откако дванаесетгодишно дете беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, во провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што во понеделникот минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, јавува Анадолија. Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на зграда во населбата Екинци го извлекоа детето […]