Штрајкови ги парализираа аеродромите и јавните служби во северозападна Германија

Штрајковите на вработените во јавните служби денеска ги блокираа аеродромите во Келн и Дизелдорф, а прекинот на летовите може да трае до изутрина.

„Ситуацијата на аеродромите е мирна, бидејќи повеќето патници биле известени за штрајкот, па не доаѓаа“, изјави претставник на аеродромот во Келн/Бон.

Огромното мнозинство од планираните 305 летови во Дизелдорф, кој е најпрометниот аеродром во Германија по Франкфурт, беа откажани, а помал број летови беа пренасочени кон други аеродроми.

Во Келн откажани се 134 од планираните 136 летови, при што се погодени над 15.000 патници.

Исклучок се вонредни летови со кои транспортира помош до областите погодени од земјотресот во Турција.

Најголемиот германски синдикат „Верди“ и помалиот синдикат на вработените на аеродромите „Комба“ повикаа на штрајк на вработените во јавните служби.

Во изминатите недели, имаше штрајкови на аеродромите во Франкфурт, Берлин и Минхен. Со овие штрајкови синдикатите сакаат да го зголемат притисокот во преговорите со градовите и општините.

Синдикатите бараат зголемување од 10,5 отсто или најмалку 500 евра месечно. Работодавците понудија зголемување на платата за пет отсто и еднократна исплата од 2.500 евра.

Со штрајкови се погодени не само аеродромите во северозападниот дел на Германија, туку и многу јавни услуги како градскиот превоз, детските градинки и градските канцеларии.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *