Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина. Првпат е надминат прагот од 100 тони. Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината. Во холандското пристаниште Ротердам, […]
Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Канада во март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа објавено денеска по билатералната средба меѓу Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во главниот град на Мексико. На средбата, претседателот рече дека со нетрпение ја очекува неговата посета, соопшти Белата куќа. Ова ќе биде прва […]
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина. Тоа е прва посета на висок функционер од една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германскoтo Министерството за надворешни работи. Бербок пристигна во Харков на покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. […]
Двајца министри од германската Влада денеска ги повикаа властите да ја олеснат примената на правилата кои овозможуваат кривично гонење на луѓето кои земаат храна од контејнери, супермаркети и канти за ѓубре. Министерот за земјоделство Џем Оздемир и министерот за правда Марко Бушман денеска објавија дека им пишале на министрите за правда на 16 германски покраини […]
Иран зад затворени врати осуди белгиски хуманитарен работник на 40 години затвор и 74 удари со камшик под обвинение за шпионажа, јавија денеска државните медиуми. На веб-страницата на иранскиот правосуден систем се наведува дека Револуционерниот суд го осудил 41-годишниот Оливие Вандекасл на 12,5 години затвор за шпионажа, 12,5 години за соработка со непријателски влади и […]
Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст. Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 […]
Земјите треба да размислат да им препорачаат на патниците да носат маски на летовите на долги релации поради појавата на нов подвид на омикрон кој брзо се шири во САД, соопшти денеска Светската здравствена организација. Во Европа, новиот подвид на корона, кракен, е откриен во мал број земји, соопштија претставници на СЗО за Европа, објави […]
Италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот јапонски колега Фумио Кишида се согласија да ја зајакнат соработката меѓу двете земји во повеќе области, вклучително и економијата, трговијата и безбедноста, италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава на лидерите. – Се договоривме да го подигнеме нивото на билатералните врски до стратешко партнерство, рече Мелони во кратката изјава за […]
Наместо да го прифати и признае поразот, Путин фрла се повеќе ресурси во војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за американското непрофитно Националното јавно радио. – Ако го погледнам бојното поле и ситуацијата во моментов, мислам дека Путин нема премногу опции. Всушност, мислам дека има само една опција, но не […]
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, чие мото во кампањата со која дојде на власт беше „Бог, семејство, татковина“, денеска првпат официјално го посети поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Мелони на тој начин го исполни своето ветување дека подобро ќе го запознае папата, кој е роден во Аргентина. Таа приватно разговараше со папата Франциск околу половина […]