Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот колега Владимир Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина. Ердоган разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна. Тој му рекол на Путин дека „повиците за мир и преговори треба да бидат […]
Белгискиот институт за јавно здравје (Sciensano) денеска прогласи епидемија на грип во таа држава – погодени се сите возрасни групи, но најмногу децата и младите. Високиот совет за здравство препорача вакцинација против грип, главно за ризични лица, возрасни над 65 години, бремени жени, лица со хронични заболувања или оние кои престојуваат во институции и медицински […]
Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата. Новиот вид познат и како Кракен, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“. По […]
Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности“ настанати по руската офанзива, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите […]
Папата Бенедикт беше поборник за донирање органи и со години носел донаторска картичка, но неговите органи не можат да се донираат по неговата смрт. Џозеф Рацингер со години беше на списокот за донирање органи, но Ватикан официјално потврди во 2011 година дека на списокот го нема. Имено, правилата се такви што неговата лична одлука за […]
Патниците од Кина ќе мора да приложат негативен тест за Ковид-19 за да влезат во Германија, најави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. „За влез во Германија ќе треба да приложат најмалку еден брз антигенски тест“, се вели во најавата на министерот. Покрај тоа, ќе се врши „случајно тестирање“ за откривање на можни варијанти […]
Телата на осум членови на семејството се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Јута, соопштија локалните власти. Меѓу жртвите има пет деца. Потенцијалниот мотив за убиството не е објавен. Жртвите беа пронајдени во средата со прострелни рани во дом во Енох, град со околу 8.000 жители на 400 километри јужно од Солт Лејк Сити.
Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан денеска започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, […]
Патниците кои доаѓаат од Кина ќе мора да прикажат негативни тестови за Ковид пред да влезат во Шведска, одлучи шведската влада. „Утринава шведската влада одлучи да воведе привремени ограничувања за влез од Кина во Шведска“, изјави денеска министерот за здравство Јакоб Форшмед. Групата за интегрирана политичка реакција на Европската унија вчера препорача земјите-членки да воведат […]
Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси. Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ги потврди шпекулациите во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како и […]