Дуда ги повика европските лидери да и помогнат на Украина

Полскиот претседател Анджеј Дуда пред обраќањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Варшава, рече дека слободниот свет нема да се согласи со плановите на Русија да стане империја и да ги поробува народите и ги повика европските лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје.

„Претседателот Џозеф Бајден во Киев покажа дека слободниот свет не се плаши од ништо. Тоа е голем сигнал, сите сме заедно со Украина цело време, од самиот почеток. Сите мислевме дека Украина ќе падне за 72 часа. Благодарение на херојството на украинските војници, не падна до денес“, рече Дуда во говорот од градината на Кралскиот замок.

Полскиот претседател предупреди дека светот гледа вести и запалени градови, слуша страшни вести за рускиот терор.

„Русија повторно сака да стане империја, сака да ги поробува луѓето. Слободниот свет не се согласува со тоа“, рече Дуда и апелираше до сите европски лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *