Поранешниот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека припадници на службата за безбедност денеска извршиле претрес во неговиот дом како дел од истрагата за купување хеликоптери „Ербас“, јави „Украинска правда“. Хеликоптер „Ербас“ се урна на 18 јануари, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски и други […]
Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“. Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-би-си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот. Во своето прво интервју како претседател за […]
Баба од Јужна Каролина е уапсена откако наводно му помогнала на нејзиниот внук Рајан О’Нил Вудраф да го прикрие убиството на 19-годишна девојка, соопштија властите. Една Феј Даниелс (78) е уапсена во петокот, на 27 јануари, врз основа на докази за прикривање на убиство извршено во нејзиниот дом. Таа беше уапсена под обвинение за помагање […]
Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД. Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го […]
Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз. Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег, изјави дека е тажен поради смртта на недолжните палестински цивили во израелско-палестинското насилство. „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага поради смртта на недолжните палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во […]
Работниците во неколку компании од технолошката индустрија Финска ќе штрајкуваат од денеска до петок, бидејќи не е најдено решение за спорот околу платите, најавија работодавците во индустријата. Во соопштението се наведува дека штрајкот ќе погоди 20 фирми кои вработуваат 11.000 работници, пренесува Еурактив. Неуспешните преговори за платите меѓу претставниците на работодавачите и синдикатите во технолошкиот […]
Цените на нафтата пораснаа рано денеска поради знаците за забавување на инфлацијата во САД, намалувајќи ги стравувањата на аналитичарите дека најголемиот светски потрошувач на нафта може да се соочи со рецесија поради дополнителното зголемување на каматните стапки, а послабиот долар поддржа одреден интерес за купување нафта, пренесе Ројтерс. Фјучерсите на северноморската нафта брент поскапеа за […]
Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека се бара игла во стог сено. Капсулата ја изгубила рударската компанија „Рио Тинто“. Станува збор за компанија која на тамошната јавност и е позната поради бизнисот во Србија, а поради која минатата година имаше големи […]
Тројца американско-хаитски државјани и еден Колумбиец вчера беа екстрадирани во САД поради нивната вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз во јули 2021 година, соопштија американските власти. Четворицата мажи, кои беа во притвор на Хаити, денеска ќе бидат изведени пред федерален судија во Мајами, кој ќе им го прочита обвинението, се вели во […]