Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила банда која управувала со три нелегални фабрики за цигари каде што работеле во импровизирани сместувачки единици Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија. Бандата беше обвинета за шверц на „големи количества“ тутун, со кој правеле цигари од фалсификувани марки и ги продавале низ Шпанија, како и во соседните […]
Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти полицијата во тој град. Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во интервју објавено денеска за шпанскиот весник „Ел Диарио“ изјави дека ЕУ конечно стана енергетски независна од Русија. „За само неколку месеци се ослободивме од енергетската зависност од Русија што ја градевме со години“. Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел изјави дека тензичната ситуација […]
Истражителите на американското Министерство за правда пронајдоа уште шест доверливи документи во домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон. -Некои од документите се од времето на мандатот на Бајден во Сенатот од 1973 до 2009 година, а други се од времето кога тој беше потпретседател на Барак Обама, изјави адвокатот Боб Бауер. – Самиот […]
По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година. Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во […]
Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги повика сојузниците на Киев „побрзо да размислат“ за воена поддршка за Киев, еден ден откако не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови што ги бара Украина. „Ќе и помогнете на Украина со потребното оружје и ќе разберете дека нема друга опција за завршување на војната […]
Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не го ставил појасот на задното седиште од својот автомобил додека бил на пат во северна Англија. Риши Сунак го извршил прекршокот додека снимал за Инстаграм за време на тридневната посета на северните градови за да промовира нов владин план. Видеото на кое се гледа дека не […]
Турција ја откажа планираната посета на шведскиот министер за одбрана како одговор на дозволата на земјата да одржи антитурски протест. Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека планираната посета на неговиот шведски колега Пал Јонсон на 27 јануари нема да се одржи. Тој рече дека посетата повеќе нема „никакво значење или цел“, бидејќи Шведска […]
Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија. Хипкинс (46) в недела треба да ја добие поддршката од сопартијците, но тоа сега е само формалност.Официјалниот трансфер на власта […]
Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА. Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. […]