Кина пријави големо зголемување на хоспитализации поради Ковид-19 на 15 јануари, што е најголем број од почетокот на пандемијата, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО). СЗО, исто така, посочи дека чека детални провинциски податоци за речиси 60.000 дополнителни болнички смртни случаи поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени […]
САД и некои од нивните европски сојузници најавија значителни нови пакети воена помош за Украина, кои ќе вклучуваат оклопни возила и тешко оружје, пред важниот состанок на кој ќе се разговара за одбраната на Украина. САД тврдат дека нивниот пакет помош, со оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и десетици илјади проектили и муниција, ќе […]
Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Калифорнија во посета на областите погодени од серијата бури што предизвикаа огромни поплави, соборени дрвја и предизвикани одрони. Бајден слета во Санта Клара придружен од шефицата на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА), Дина Крисвел, а потоа со хеликоптер направи обиколка на други локации погодени од невремето јужно од […]
САД објавија нова програма за прием на бегалци со која ги повикуваат Американците да ја спонзорираат за да го зголемат бројот на приеми во земјата. Американските граѓани за првпат ќе можат директно да го спонзорираат приемот на бегалци во САД, покрај здруженијата и невладините организации. – Welcome Corps е најголемата иновација во приемот на бегалци […]
Информатичкиот дефект што го принуди американското регулаторно тело за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во САД на 11 јануари, е предизвикан од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА. Агенцијата веќе го припиша дефектот, поради кој на 11 јануари беа откажани или одложени илјадници летови, на оштетување на датотеката со база […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија. „Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, […]
Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика. Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција. Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се […]
Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта […]
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска објави дека е на пат за Киев, каде со претседателот Володимир Зеленски треба да разговара за новите мерки за поддршка на Украина. Зеленски побара побрза испорака на оружје. Двајцата лидери ќе разговараат за „конкретни мерки за да се осигура дека (Украина) е посилна и помоќна“, рече Шарл Мишел […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази сочувство до семејствата на жртвите од хеликоптерската несреќа во Украина и додаде дека САД ќе му оддадат почит на загинатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, кој, како што рече, „континуирано бил посветен на зачувување на демократијата во Украина“. „Ќе го почитуваме тоа наследство преку напорите да ги зајакнеме украинските […]