Поранешниот потпретседател Чен Чиен-Чен денеска положи заклетва како нов премиер на Тајван за да го предводи новоформираниот кабинет додека владејачката Демократска напредна партија се обидува да ја врати власта во земјата по неуспехот на локалните избори во ноември.
Поранешниот премиер Су Ценг-чанг вчера им наложи на членовите на неговиот кабинет да поднесат оставки во големата реконструкција предизвикана од слабите резултати на ДПП на изборите, јави ДПА.
Чен (71) беше назначен од претседателот Цаи Инг-вен во петокот да го замени Су (75), кој беше премиер од јануари 2019 година.
Чен рече дека приоритет за неговиот нов кабинет е да ги приспособи ограничувањата за Ковид со цел да го врати животот во нормала и да излезе со политики за поддршка на луѓето и бизнисите кои се борат со економските последици од пандемијата. (МИА)