Канадската Влада соопшти денеска дека вовела нов пакет санкции против иранските организации и официјални лица обвинети за соучесништво со режимот и „неговото брутално задушување на храбрите ирански гласови“. – Канада се солидаризира со иранскиот народ, кој продолжува да трпи сериозни прекршувања на неговите најосновни човекови права, рече канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли. Според […]
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на длабочина од 97 километри, посочуваат од Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Осло, каде што му беше врачена годишната награда „Сонстеби“, дека Алијансата мора да спречи војната на Русија против Украина да прерасне во голема војна во Европа. Прифаќајќи ја наградата, која им се доделува на „храбрите бранители на основните демократски вредности“, Столтенберг рече дека украинскиот народ е […]
Советот за безбедност на ОН денеска едногласно одлучи граничниот премин меѓу Турција и северозападна Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, да остане отворен во следните шест месеци за испорака на важни помош. Русија, главниот сојузник на Сирија, исто така гласаше за одлуката, што е изненадувачки потег бидејќи претходно се воздржуваше или ставаше вето на […]
Луксузните автомобили не се погодени од кризата на трошоците за живот, бидејќи британскиот производител на автомобили Ролс-Ројс во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци. Ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји, соопшти компанијата која припаѓа на германската групација БМВ. […]
Озонската обвивка полека, но забележливо се обновува, и со таа брзина, „озонската дупка“ над Антарктикот, каде што слојот е најтенок, целосно би се пополнил за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Научната проценка која се спроведува на секои четири години покажува дека заштитниот слој се опоравува, повеќе од 35 години […]
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека го повикала иранскиот амбасадор во Германија да го осуди последното погубување на демонстрантите во Иран. – Режимот што ја убива сопствената младина за да го заплаши населението нема иднина, рече Бербок. Претходно денеска, иранските медиуми објавија дека судот во Иран осудил на смртна казна уште […]
Новиот министер за надворешни работи на Кина, Чин Ганг денеска ја почнува седумдневната посета на Африка. Според агенцијата Синхуа, Чин Ганг од денеска до 16 јануари ќе ги посети Етиопија, Габон, Ангола, Бенин, Египет, како и седиштето на Африканската унија и Лигата на арапските држави, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг […]
Време е Шведска да стане членка на НАТО, бидејќи направи сè што е потребно Турција да го одобри нејзиното приклучување, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг. – Дојде време процесот на ратификација за Шведска да заврши. Уверен сум дека Шведска ќе стане членка на НАТО. Не сакам да дадам прецизен датум кога тоа […]
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија речиси две години, изјави дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија, што е уште еден пример за заострување на неговите услови за притвор. Во порака испратена до неговите адвокати и објавена денеска на социјалните мрежи, Навални рече дека управата на затворот, на околу […]