Напад врз американската база Ал Танф во Сирија

Три беспилотни летала денеска ја нападнаа американската воена база во регионот Ал Танф во Сирија, но нема повредени американски војници, додека двајца Сиријци се ранети, се наведува во соопштението на армијата.

Централната команда на САД соопшти дека биле соборени два дрона, а третото беспилотно летало го погодило комплексот, при што биле повредени двајца припадници на Слободната сириска армија (ССА).

Американската воена база Ал Танф е формирана во 2016 година на местото каде што се вкрстува сириската граница со Јордан и Ирак, а административно припаѓа на Хомс, најголемата провинција во Сирија.

Пред 2016 година, областа околу базата беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“, која силите на меѓународната коалиција предводена од Вашингтон ја протераа од ова подрачје.

Оттогаш, САД го користат како база за обука на сириските опозициски милиции.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *