Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица изјавија дека нема извештаи за штети или повредени, објавува „Гардијан“. Геолошкиот завод на САД (USGS) го лоцираше епицентарот на земјотресот на длабочина од […]
Европската комисија одлучи да ја казни платформата „Икс“ (Х), во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, со 120 милиони евра за кршење на Законот за дигитални услуги. Во исто време, Комисијата ја прифати понудата на TikTok за усогласување со барањата за транспарентност на рекламирањето. Комисијата утврди дека „Икс“ прекршил три одредби од Законот за дигитални […]
Човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе за прв пат се извини на семејството на поранешниот лидер. Тецуја Јамагами, кој претходно се изјасни за виновен за убиство, на судењето рече дека чувствува „длабоко сожалување“ за вдовицата на Абе, Акие, објави новинската агенција Кјодо. „Му предизвикав на семејството три и пол години страдање. […]
Парагвајската полиција ја направи најголемата заплена на марихуана во таа земја, запленувајќи 89 тони дрога во конвој од 19 возила што беа пресретнати на автопатот во близина на границата со бразилската држава Парана, објавува порталот „Глобо“. Првично, заплената била проценета на 50 тони, но по детално броење, било утврдено дека станува збор за 89 тони […]
Седум лица загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа во која патнички автобус се судри со камион во населбата Бахче на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије. Автобусот, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камионот откако на камионот му пукнала гумата и застанал на патот, објави Анадолија. Автобусот го […]
Брод со 137 патници се удри во мост на каналот Мајна-Дунав во Баварија, на југот на Германија, но никој не е повреден, соопшти полицијата денес. Несреќата се случила доцна синоќа додека бродот се приближувал кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг, објави „Штерн“. Несреќата се случила бидејќи кабината на кормиларот била превисока, па […]
Бројот на пациенти со грип во болниците низ Англија ќе се зголеми за повеќе од 50 проценти во споредба со истиот период во 2024 година, покажуваат бројките на NHS. Минатата недела, просечно 1.717 пациенти беа во болнички кревети во Англија секој ден, вклучувајќи 69 на интензивна нега, објави Sky News. Тоа претставува зголемување од 56 […]
Федерика Могерини, поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, поднесе оставка од местото ректорка на Колеџот на Европа, откако беше осомничена во рамки на истрага за измама во која се вклучени Колеџот на Европа и Службата за надворешни работи на ЕУ. „Во согласност со највисоките стандарди на строгост и правичност со кои секогаш ги извршував моите […]
Маж (36) се соочува со обвиненија за убиство од небрежност откако ја оставил својата девојка (33) да премрзне до смрт на Гросглокнер, највисоката планина во Австрија, во јануари. Искусниот планинар наводно ја оставил својата партнерка сама 6,5 часа за да побара помош, за кое време таа починала од екстремниот студ, објавува Дејли Меил. Парот од Салцбург […]
Неколку мали земјотреси, за краток временски период, го погодија подрачјето на Италија помеѓу Ромања и Тоскана во текот на ноќта, јавуваат италијанските медиуми. Во периодот од 22:38 часот е регистриран таканаречен „сеизмички рој“ од шест земјотреси, од кои најголемиот е регистриран во 3:36 часот наутро, со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала, помеѓу Чезена […]