Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Седум лица загинаа а 11 се повредени во судир на автобус и камион во Турција

Објавено: · 1 мин читање
Седум лица загинаа а 11 се повредени во судир на автобус и камион во Турција

Седум лица загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа во која патнички автобус се судри со камион во населбата Бахче на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије.
Автобусот, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камионот откако на камионот му пукнала гумата и застанал на патот, објави Анадолија.
Автобусот го управувал А. А. (42), додека камионот го управувал Х. К. (52).