Во падот на патничкиот авион со 72 лица вчера во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија вечерва властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ги снимил последните моменти пред […]
Нешто помалку од половина од луѓето во светот веруваат дека нивните семејства ќе бидат подобро во иднина, а најголем песимизам изразиле граѓаните од групата водечки економии, покажува истражувањето на „Еделман труст“ (Edelman Trust). Анкетата покажува дека само 40 отсто од испитаниците од 28 земји во светот се согласиле со изјавата „јас и моето семејство ќе […]
Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица. – Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз […]
Невреме и бури го погодија западниот дел на Франција, а без струја претпладнево останаа 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, соопштија денеска претставници на оваа компанија. Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво […]
Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците. Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат […]
Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро кој се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и беше во бегство од 1993 година. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. -Денес 16 јануари, карабинерите го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарен објект во Палермо, […]
Британската полиција упаси машко лице на 22-годишна возраст, осомничено за обид на убиство на шест лица пред црква во Лондон. Во нападот што се случил вчера пред црквата Свети Алојзие во Еустон тешко е рането седумгодишно девојче, како и уште пет женски лица. Нападот бил извршен од возило во движење, а напаѓачот бил приведен од […]
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат. „Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани“, се вели во соопштението на Ламбрехт. Таа […]
Во тренинг-центарот „Графенвор“ кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили. Мили кој денеска е […]
Бројот загинати во рускиот ракетен напад врз станбена зграда во југоисточниот украински град Дњепар се искачи на 35, изјави денеска претставник на регионалната администрација. „Спасувачите продолжија да ги пребаруваат урнатините по уште жртви“, рече регионалниот гувернер, Валентин Резниченко. Во нападот извршен во саботата се ранети најмалку 75 лица, а 35 се уште се водат како […]