Jапонскиот цар Нарухито и неговото семејство денеска од балконот на Царската палата ја поздравија толпата народ за Нова година. Ова е прва јавна новогодишна честитка во последните две години, откако новогодишните прослави беа откажани за време на пандемијата на Ковид-19. Јапонскиот цар во последните две години испраќа видео пораки по повод Новата година. Нарухито, придружуван […]
Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата од 1916 година, од кога се достапни првите податоци, објави денеска националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ). – Минатата година беше најтопла во Шпанија, барем од 1916 година, објави агенцијата преку Твитер, посочувајќи дека за прв пат просечната годишна температура надмина 15 степени Целзиусови и беше речиси 15,5 степени. Како што […]
Најмалку 63 руски војници загинаа во украинскиот напад врз град во близина на Доњецк, во источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати. Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска […]
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади. -Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски. -ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку […]
Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат. Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени. Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја […]
Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост. Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА. Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи. Секој кој е чувствителен на загадување или е […]
Пет лица се повредени во руски напад врз пазар во градот Берислав во јужна Украина. -Утринава Русите го нападнаа центарот на Берислав, го гранатираа градскиот пазар, објави на Телеграм Јарослав Јанушевич, гувернер на Херсонската област каде што се наоѓа Берислав. -Се претпоставува дека нападот бил извршен од привремено окупираната Каховка, додаде тој. Каховка се наоѓа на спротивната […]
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека шведското претседателство со Европската унија ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ во поддршка за Украина. Таа на Твитер напиша дека Шведска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во клучен момент. -Можете да сметате на мене дека ќе се залагам […]
Клучната инфраструктура е оштетена во Киев по петдневни ноќни напади со руски беспилотни летала, кои предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење, изјави денеска градоначалникот Виталиј Кличко. Водоснабдувањето е зачувано, рече Кличко. Ноќеска повторно имаше напад со дронови на главниот украински град. Предупредувањето беше објавено во 1 часот по полноќ во понеделникот, а […]
Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата. Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три […]