Јапонското царско семејство ги поздрави Јапонците по повод Нова Година

Jапонскиот цар Нарухито и неговото семејство денеска од балконот на Царската палата ја поздравија толпата народ за Нова година.

Ова е прва јавна новогодишна честитка во последните две години, откако новогодишните прослави беа откажани за време на пандемијата на Ковид-19. Јапонскиот цар во последните две години испраќа видео пораки по повод Новата година.

Нарухито, придружуван од неговата сопруга, царицата Масако и нивната ќерка, принцезата Аико, упатија молитви за среќа на луѓето и мир во светот.

Ова е прва јавна новогодишна честитка од принцезата Аико, која во декември наполни 21 година. Во Јапонија, полнолетната возраст е 20 години, што е и услов за прием на некои настани на кои присуствува и царското семејство.

На Нарухито му се придружија и поранешниот цар Акихито, кој абдицира во корист на неговиот син во 2019 година, и неговата сопруга, царицата Мичико.

Нарухито истакна дека изминатите неколку години беа исполнети со тешкотии предизвикани од пандемијата.

– Ова сигурно беа тешки времиња за многумина од вас, им рече тој на луѓето пред палатата, од кои многумина вееја јапонски знамиња.

Пред дворецот пристап им беше дозволен само на луѓе кои аплицирале и претходно добиле одобрение бидејќи во Јапонија сè уште се во сила ограничувања за големи собири поради Ковид-19.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *