Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека во моментов се вложуваат сериозни напори за постигнување мирно решение за ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека нема ништо поважно од тоа. Во интервју за телевизискиот канал Русија 1, тој повика да не се претерува со „деструктивното значење“ на наводните транскрипти од разговорите меѓу помошникот на рускиот […]
Катастрофален пожар зафати седум високи станбени згради во Хонг Конг, при што животот го загубија најмалку 36 лица, а 279 жители се водат како исчезнати. Пожарот и понатаму е активен, додека спасувачките екипи водат тежок и неизвесен бој со огнената стихија. Пожарот избувнал во комплексот „Wang Fuk Court“ во областа Тај По, каде што живеат […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека се согласува со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека санкциите против Москва мора да бидат заострени сè додека Русија одбива мировни преговори. Зеленски на својот X профил потврди дека лично ѝ се заблагодарил на Фон дер Лајен за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка […]
Бројот на жртви во пожарот што го зафати станбениот комплекс во Хонг Конг се искачи на 44, а 45 повредени се во критична состојба, објави денес полицијата. Во соопштението се наведува дека три лица на возраст меѓу 52 и 68 години се уапсени под сомнение за убиство од небрежност. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави […]
Осомничениот за пукањето во Вашингтон, Рахманула Лаканвал (29), служел со американски војници во Авганистан пред да дојде во Соединетите Држави во 2021 година, потврди неговиот роднина. Лаканвал, според неговите зборови, поминал 10 години во авганистанската армија, делумно во базата во Кандахар, каде што ги поддржувал американските специјални сили, пишува NBC. Роднината рекол дека „не може […]
Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 55, а околу 280 се водат како исчезнати, соопштија официјални лица. Според најновите информации, 68 лица се во болница, од кои 16 се во критична состојба, а 25 се сметаат за сериозни случаи, објави порталот SCMP. Пожарите во четири од седумте блока во Ванг […]
САД им презентираа на завојуваната суданска армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) сеопфатен мировен план, но ниту една страна сè уште официјално не го прифатила, изјави денес американскиот пратеник и советник на претседателот Доналд Трамп за африкански и арапски прашања, Масад Булос. Булос рече дека обете страни го „поздравиле“ американскиот предлог, но дека […]
Висок украински функционер потврди дека Киев ја поддржува суштината на мировниот договор предложен од Соединетите Американски Држави. Оваа потврда доаѓа по состанокот на американските и украинските претставници одржан минатиот викенд во Женева, пишува Ројтерс. Соопштението од Киев дојде како одговор на медиумските извештаи дека Украина веќе се согласила со американскиот предлог, чии детали сè уште […]
Три лица загинаа денес во авионска несреќа што превезуваше хуманитарна помош во храна за меѓународната добротворна организација „Самарјанин пурс“ во државата Јунити, Јужен Судан, соопшти официјален претставник на добротворната организација. „Авионот на „Нари Ер“ превезуваше два тона храна од главниот град Џуба за луѓето раселени поради поплавите. Нашиот тим пристигна на местото на несреќата и со длабока […]
Главниот град на Индонезија, Џакарта е на врвот на ранг-листата како град со најмногубројно население. Џакарта го презеде приматот од Дака, главниот град на Бангладеш. Проценката е дека во Џакарта живеат неверојатни 42 милиони жители. На претходното рангирање во 2018 година, овој град беше на 33-тото место, кога најмногу населен град беше јапонски Токио. Прашањето […]