Три недели по последниот случај, денеска во Иран е пријавен нов случај на труење во женско училиште, еден ден по обновувањето на наставата по двонеделен одмор. Дваесет ученички од училиште во Табриз на северозападот на земјата се примени во болница поради респираторни проблеми, објави агенцијата ИРНА. Според итната служба, ниту една од нив не е […]
ОН денеска соопштија дека до еден милион луѓе „исчезнале“ во Ирак во последните 50 години и ги повикаа ирачките власти да ги истражат исчезнувањата, што може да биде проблем, бидејќи ирачкиот закон не го признава присилното исчезнување како кривично дело. – Комитетот на ОН за присилни исчезнувања го повика Ирак веднаш да воспостави основа за […]
Во канцелариите на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел денеска белгиската полиција и германски истражители извршија рација во врска со истрага во германската сојузна покраина Тирингија. ЕПП, партијата со најмногу претставници во Европскиот парламент, во соопштение кажа дека претставниците на власта од Белгија и Германија денеска ги посетиле нејзините канцеларии како дел од истрагата поврзана […]
Финска денеска стана членка на НАТО, во напорите на Алијансата да биде „пообедината од кога и да било“ и покрај намерите на Путин „да ги раздели Европа и НАТО“, соопшти денеска американскиот претседател Џо Бајден. „Во мај 2022 година Финска и Шведска аплицираа за членство на НАТО. Двете земји се силни демократии со многу способни […]
Финска добива „железна гаранција за безбедност“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг на почетокот на денешната церемонија за приклучување на Финска во Алијансата. Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто претходно денеска во Стејт Департментот во САД го депонираше инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што Финска станува 31. земја-членка на Алијансата. […]
Извршниот директор на групацијата за луксузна стока ЛВМХ (LVMH), Бернар Арно, и наследничката на козметичкиот бренд „Лореал“, Франсоаз Бетенкур Маерс, се најдоа на врвот на листите на „Форбс“ за најбогат маж и најбогата жена во светот годинава. Двајцата Французи ги предводат листите на најбогати за 2023 година што „Форбс“ ги објави денеска. Минатата година Бернард […]
Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО. „Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“, потенцираше тој во […]
Стотици вработени во Гугл денеска ја прекинаа работата во канцелариите на компанијата во Лондон, по спорот околу отпуштања. Во јануари, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти дека отпушта 12.000 вработени ширум светот, што е еквивалентно на шест отсто од глобалната работна сила. Овој потег доаѓа во време на бран отпуштања во американските компании, особено во […]
Британски регулатор денеска ја казни кинеската социјална мрежа Тикток со 12,7 милиони фунти поради „незаконско“ користење на лични податоци на децата, соопшти Канцеларијата на Комесарот за информации (ИЦО). ИЦО верува дека Тикток им дозволил на 1,4 милиони деца на возраст под 13 години во Британија да отвораат профили на нејзината платформа во 2020 година, спротивно […]
Безбедносните сили во Шведска уапсија петмина осомничени исламисти под сомнение за тероризам во врска со протестите по палењето на Куранот во јануари, соопшти денеска Шведската служба за безбедност (САПО). – Претпоставуваме дека постојат меѓународни врски, особено со терористичката организација Исламска држава, изјави Сузана Трехорнинг, заменик-шефица на единицата за борба против тероризам на Сапо. Петмината мажи […]