По 10-минутно возење низ Менхетен, во колона од 15-тина возила, поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред зградата на судот. Откако излезе од автомобилот, кратко им отпоздрави на присутните пред судот и потоа влезе во зградата придружуван од агенти на Тајната служба. Тој ќе се упати во Окружното обвинителство каде и формално ќе биде уапсен, […]
На овој историски ден кога ја одбележуваме 74. годишнина на НАТО, исто така ја поздравуве Финска како 31. членка на НАТО, алијансата е посилна и побезбедна со Финска како сојузничка, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Финска поседува високо способна армија и е активен учесник во операциите на НАТО. Исто така ги споделува нашите вредности […]
Меѓународниот комитет на Црвениот крст годинава ќе укине околу 1.500 работни места во повеќе земји во светот поради недостиг на средства, соопштија од седиштето на организацијата во Женева, пренесува ДПА. Кратењата значат дека најмалку 20 од 350 бази на Црвениот крст во светот ќе бидат затворени и организацијата ќе се фокусира најмногу на своите основни […]
На претставниците на „Репортери без граници“ им беше забранет пристапот до основачот на Викиликс Џулијан Асанж во лондонскиот затвор Белмарш, објави Викиликс на Твитер. – На претставниците на Репортери без граници утринава им беше забрането да го посетат Џулијан Асанж во затворот Белмарш, и покрај тоа што претходно им беше дадена официјална дозвола, стои во […]
Пред денешното судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп њујоршката полиција стави во состојба на подготовеност околу 35.000 полицајци. Поранешниот претседател, кој ја мина ноќта во кулата Трамп во Њујорк пред почетокот на судењето, нестрплив е јавно да проговори за обвинението против него, наведуваат повеќемина од неговото опкружување, а пренесуваат локалните медиуми. Иако Трамп денеска […]
Советот за човекови права на Обединетите нации денеска гласаше за продолжување на мандатот на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, која ги истражува можните воени злосторства извршени од Русија за време на војната во Украина. За продолжување на мандатот на Комисијата за една година гласаа 28 земји, додека 17 беа воздржани и две гласаа против. […]
Лавина денеска усмрти седуммина туристи во индиската хималајска држава Сиким, во близина на планинскиот премин до кинескиот регион Тибет, а спасувачите ја прекинаа потрагата по телата со доаѓањето на ноќта. Армијата соопшти дека најмалку 20 луѓе биле спасени откако неколку возила кои превезувале туристи до преминот Нату Ла, меѓу Сиким и Тибет, биле погодени од […]
Хрватска стана полноправен партнер во програмата на САД за укинување на визи, со што на граѓаните им се овозможува без виза да патуваат во САД, потврди претставникот на американската амбасада во Загреб, Марк Флеминг. Флеминг истакна дека на влезот на Хрватска во оваа програма и претходело исполнување на строги критериуми. – Хрватска стана 40-ти учесник […]
Истражниот комитет на Руската Федерација побара притвор за Дарија Трепова во случајот со терористичкиот напад во кафуле во Санкт Петербург, во кој беше убиен воениот блогер Владлен Татарски. Против Трепова е покренато соодветно обвинение, јавија руските медиуми. Според истрагата, Трепова на 2 април 2023 година, по инструкции на лица кои оперираат од територијата на Украина, […]
Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска источниот дел на Филипините, по што државната сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри од градот Виго, на длабочина од 45 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт, кој првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени. Филипинскиот […]