Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Британската авијација предупредува на можни прекини поради проблем со софтверот на „Ербас“

Објавено: · 1 мин читање
Британската авијација предупредува на можни прекини поради проблем со софтверот на „Ербас“

Британската служба за цивилно воздухопловство (CAA) денес објави дека се очекуваат можни прекини во работењето на авиокомпаниите и летовите во Велика Британија поради голема промена на софтверот на значителен број авиони Airbus A320.
„Информирани сме за проблем што може да влијае на некои авиони од серијата A320 и за превентивната мерка што ја презеде Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA)“, изјави директорот за безбедност на воздухопловството во британската CAA, Џанкарло Буоно, објави Ројтерс.
Тој додаде дека на патниците им се советува да контактираат со своите авиокомпании за да проверат дали нивните летови се засегнати.