Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека една од целите на неговата денешна посета на седиштето на НАТО во Брисел е пристапувањето на неговата земја во Алијансата. -Приемот на Финска во НАТО покажува дека е дојдено време да се преиспитаат претходните стратегии, посочи Кулеба, додавајќи оти очекува дискусија за стратешкиот план за одржливо снабдување […]
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во турската медитеранска област Анталија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Дексмо на длабочина од седум километри. Потресот е регистриран во 11:54 часот по […]
Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја предупреди дека мумиите што се изложени во Мексико Сити и често се движат на тури низ земјата, може да претставуваат закана за здравјето на луѓето. Позната како „Мумиите на Гуанхуато“, изложбата што 2009 година е претставена и во САД, неодамна, во Мексико Сити, каде што биле изложени шест […]
Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра и министерката за правда Дилан Јешилгес-Шехеријс претставија нова безбедносна стратегија, во која се предупредува на предизвиците за „геополитичката, дигиталната и економската безбедност“ на земјата и ги повикаа граѓаните да бидат внимателни. Новата безбедносна стратегија поставува три главни цели дефинирани како: „безбедно Кралство Холандија во мултиполарен свет“, „отпорен демократски […]
Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака. Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот. Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето […]
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година. – Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат […]
Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани. Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и […]
Неколку лица се тешко повредени кога воз излета од шини во Холандија рано утринава. Патничкиот воз излетал од шините откако удри во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Во возот патувале околу 50 луѓе. […]
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера со Трамп. Откако беше објавено обвинението, судските службеници, претставниците на […]
Автоматите за брза храна во Јапонија, каде што може да се купат готови оброци со месо од кит, полжави или јастиви инсекти, од неодамна на купувачите им нудат и месо од дива мечка. Различни парчиња од тамошната црна мечка се продаваат во машините во градот Сембоку. Месото се нуди по 2.200 јени (околу 940 македонски […]