Леонард Бернард Гаскин, познат како „Нинџа-убиец“, денеска ќе биде погубен на Флорида, со одлука на републиканскиот гувернер Рон Де Сантис. Тоа ќе биде стота егзекуција во таа американска држава откако таму беше вратена смртната казна во 1976 година, но и втора егзекуција за само шест недели, а следното погубување се очекува за три недели. Во […]
Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија. Припадниците на обезбедувањето денеска соборија демонстрант кој притрча кон францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија. 🚨🇫🇷ALERTE INFO – Un manifestant qui […]
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белфаст изјави дека трговскиот договор по Брегзит, кој Европската унија и Велика Британија го постигнаа на крајот на март, ќе доведе до значителни инвестиции во Северна Ирска од страна на големи американски компании. Десетици водечки американски корпорации сакаат да дојдат и да инвестираат овде, истакна Бајден во говорот на […]
Новиот полски министер за земјоделство, Роберт Телус вети дека ќе воведе детални контроли на квалитетот на житарките што пристигнуваат во земјата од Украина на пат кон Африка. Овој потег уследи по протестите на полските земјоделци кои тврдат дека ги губат приходите бидејќи на пазарот се појави евтино украинско жито. Телус се соочи со остри критики […]
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека протекувањето на американските тајни документи за судирот во Украина „можеби е измама што Вашингтон свесно ја пласираше со цел на кампања за дезинформации за да ја измами Русија“. Тој додаде дека Москва во оваа фаза, „немаме мислење за тоа“. Со оглед на тоа што САД […]
Јапонското население се намалува 12-та година по ред и во 2022 година имаше 556.000 жители помалку отколку една година порано, покажуваат најновите официјални статистички податоци. Од 1 октомври населението, вклучувајќи ги и странските државјани, изнесуваше 124.947.000, додека бројот на јапонски државјани е намален за 750.000 на 122.031.000, што е најголем пад од 1950 година, покажуваат […]
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот. Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам […]
Речиси 100 припадници на специјалните единици на земјите на НАТО се присутни на територијата на Украина на почетокот на оваа година, се наведува во еден од десетиците доверливи американски документи кои протекоа на Интернет. Објавените разузнавачки документи, од кои некои се означени како „строго доверливо“, даваат детална слика за конфликтот во Украина, вклучувајќи чувствителни детали […]
Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје. Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот. Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома […]
Светска банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји, изјави синоќа претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Говорејќи на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) […]