Германија планира да нарача уште 15 американски борбени авиони Ф-35, објави денес „Шпигел“. Во документите доставени до Буџетскиот комитет на германскиот Бундестаг, дополнителната набавка на авиони Ф-35А произведени од „Локид Мартин“ е наведена меѓу воените приоритети, а според проценките на Министерството за одбрана на чело со Борис Писториус, за оваа набавка ќе бидат издвоени 2,5 […]
Самитот на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта сè уште не е потврден, но, доколку биде потврдено, рускиот претседател ќе мора да добие посебна дозвола за летање низ воздушниот простор на ЕУ, објавува денес Би-Би-Си и посочува дека најдиректната рута на Путин до Унгарија може да биде преку Србија. На […]
Функционери блиски до американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледуваат можноста за организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување во Азија следниот месец, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Иако дискусиите за идејата се водеа приватно, многумина во тимот на Трамп се „скептични“ дека средбата всушност би […]
Две лица загинаа синоќа во украински напад со беспилотни летала на делот од територијата на Херсонската област на југот на Украина што е под руска контрола, објави регионалниот началник Владимир Салдо. Тој напиша на Телеграм дека е убиен брачен пар кој живеел во привремен сместувачки центар за евакуираното население во селото Железни Порт. Салдо изјави […]
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да намали околу 100 домашни летови неделно следното лето, бидејќи зголемените даноци и аеродромски такси влијаат врз профитабилноста, изјави денес извршниот директор на авиокомпанијата, Карстен Шпор. „Без намалување на трошоците за водење бизнис во Германија, понатамошните откажувања ќе бидат неизбежни“, изјави Шпор за весникот „Велт ам Зонтаг“, наведувајќи дека се […]
Паника завладае на небото откако во авионот „Ербас А321“ кој леташе на релација Ханжу (Кина) до Инчон (Јужна Кореја) изби пожар во еден од багажниот простор. Сето тоа се случувало на висина од 10.000 метри. Патниците и стујардесите кои биле во паника, трчале да го изгасат што е можно побрзо. Авионот на „Ер Чајна“ изврши […]
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека на Москва ѝ е потребна победа во конфликтот во Украина под услови што им се добро познати на сите. Медведев изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп рекол очигледна, но доста интересна работа на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски – дека и Русија и […]
Бројката на загинати во експлозијата на зградата во Букурешт, главниот град на Романија, се искачи на три лица, а 17 се повредени. Во експлозијата, два ката беа целосно срушени, а долните катови беа оштетени, објавија локалните медиуми. Раководителот на единицата за итни случаи и мобилна реанимација во Букурешт, Богдан Оприца, изјави дека 17 повредени лица, […]
Саудиска Арабија преговара со Соединетите Американски Држави за нов безбедносен договор што би можел да биде потпишан за време на посетата на престолонаследникот Мохамед бин Салман на Белата куќа следниот месец, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Висок функционер на администрацијата на Трамп потврди дека „има разговори за потпишување нешто кога […]
Полски суд ја блокираше екстрадицијата во Германија на украински државјанин осомничен за вмешаност во нападот врз гасоводите „Северн поток“ во 2022 година – предавање кое полскиот премиер го опиша како нево интерес на неговата земја. Осомничениот, 46-годишниот Володимир З., чиј идентитет делумно се крие според локалните правила за приватност, беше уапсен на 30 септември во […]