Две лица загинаа во украинскиот напад на територијата Херсон под руска контрола

Две лица загинаа синоќа во украински напад со беспилотни летала на делот од територијата на Херсонската област на југот на Украина што е под руска контрола, објави регионалниот началник Владимир Салдо.
Тој напиша на Телеграм дека е убиен брачен пар кој живеел во привремен сместувачки центар за евакуираното население во селото Железни Порт.
Салдо изјави дека украинските сили извршиле и голем број други напади врз станбени области во Херсон во кои биле оштетени домовите на локалните жители, објави РИА Новости.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ