Трамп размислува за уште една средба со Ким Џонг Ун за време на неговата азиска турнеја

Функционери блиски до американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледуваат можноста за организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување во Азија следниот месец, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Иако дискусиите за идејата се водеа приватно, многумина во тимот на Трамп се „скептични“ дека средбата всушност би можела да се случи.
Според изворот, конкретното планирање за таква средба сè уште не е започнато, а во моментов нема директна комуникација меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ