Пораки со сочувство до Грција за железничката несреќа кај Темпи, упатија министри за надворешни работи, претседатели и премиери на низа земји од Европа, претседателите на Европската Комисија и Европскиот Парламент, како и украинскиот претседател. Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, телефонски разговарал со неговите колеги од Северна Македонија, Турција, Австрија, Португалија, Хрватска, како и со […]
Во рамките на прелиминарната истрага што е во тек за причините за синоќешната железничка несреќа кај Лариса, уапсено е едно лице, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за одговорниот на железничката станица во Лариса. Обвинителот од Лариса Стаматис Даскалопулос за АНА-МПА рекол дека се сослушува едно […]
Грчката новинарка Алексија Калаици, која ја помина ноќта во Солун разговарајќи со преживеаните, рече дека патниците во несреќата морале да ги скршат прозорците за да избегаат од возот. „Разговаравме со многу млади луѓе кои беа во целосен шок. Еден млад човек, 20-годишен, ни кажа дека мислел дека ќе умре бидејќи слушнал тресок, а потоа почувствувал […]
Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници по синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи. во близина на грчкиот град Лариса. Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во […]
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот. Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани. Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса. Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од […]
Финските пратеници попладне ќе гласаат за закон кој ќе и овозможи на нивната земја да го забрза процесот на пристапување во НАТО. Доколку овој закон биде усвоен, Финска може брзо да реагира дури и ако очекуваните ратификации од Турција и Унгарија дојдат во момент кога таа сè уште нема да има формирана влада по парламентарните […]
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска и официјално ја почнува својата прва посета на Ирак во последните шест години а со неа сака да покаже „солидарност“ по долгогодишната политичка криза во земјата, пренесуваат западните агенции. -Сакам да покажам солидарност со народот и демократските институции на Ирак и солидарност што значи дека Обединетите нации целосно […]
Бројот на загинатите во земјотресот во Турција е над 45.000, соопштија денеска турските власти. Според официјалните податоци, земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари однесе околу 53.000 животи. Повеќе од 108.000 луѓе беа повредени во Турција, додека милиони останаа без покрив над главата. Уништени се повеќе од 160.000 згради.
Потпишувањето на француско-германскиот договор, што начелно беше усвоен пред два дена во Брисел како Договор за пат кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, нема да биде чин на формално признавање на независноста на Косово, но несомнено ќе биде чин на официјално прифаќање на независноста на Косово како политичка реалност, изјави денеска претседателот на […]
Густ чад, оган и вознемирени луѓе кои бегаат на безбедно, ова се сцените на кои самите патници се сеќаваат по спасувањето од патничкиот воз кој се судрил со товарен во Грција вчера доцна вечерта. „Сите надвор, таму има пожар“, се слуша како вика некој од патниците на едно од видеата. Патниците од возот бегаа низ […]