Поранешниот руски претседател и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Медведев денеска изјави дека испораката на западното оружје за Киев може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа. Во авторски текст напишан за рускиот весник „Известија“, Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници да и помогнат на Украина со […]
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди источна Турција, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Малатја, на длабочина од 5 километри.
Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата. Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс. Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и […]
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун свика состанок со претставници на владејачката партија на кој ќе се разговара за подобрување на економијата и земјоделството, соопштија денеска државните медиуми, откако се зголемија стравувањата од недостиг на храна и појавата на хуманитарна криза. Меѓународните експерти велат дека несигурноста со храната во оваа изолирана земја се влошила поради санкциите […]
Претседателката на Националниот комитет на Републиканската партија, Рона МекДаниел изјави дека сите членови на партијата кои сакаат да учествуваат во дебатите за избор на републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година ќе мора да потпишат ветување за лојалност. Според неа, сите делегати кои имаат намера да учествуваат на примарните избори за кандидати на Републиканската […]
Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами. Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги […]
Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе разговараат за договорот за Протоколот за Северна Ирска. Канцеларијата на Сунак и Европската комисија потврдија во заедничката изјава дека двајцата лидери ќе се сретнат во Велика Британија за да разговараат за „голем број сложени предизвици“ во врска со договорот за […]
Вооружен Палестинец вчера уби двајца Израелци на окупираниот Западен Брег, што поттикна напади од израелски доселеници врз палестински куќи и автомобили во кои е убиен еден Палестинец, соопштија вчера официјални претставници. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во време кога израелските и палестинските претставници за безбедност се состанаа во […]
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со тешкотиите на неговата армија во Украина, знае дека засега не може да ја добие војната, но е уверен дека ќе ја извојува конечната победа. „Путин, според мене, денес мисли дека не може да победи веднаш, но не […]
Зимскиот топлотен бран, рекордно ниските врнежи од дожд и запрепастувачкиот недостаток на снег во Европа ги доведоа реките, каналите и езерата низ континентот на алармантно ниски нивоа, а експертите предупредуваат дека може да се повторат големите суши од минатата година. Сликите на исушените речни корита и езера обично се поврзуваат со жешкото лето – не […]