Јенс Столтенберг заминува. А кој доаѓа? Се погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била премиера за воениот сојуз. Но, како функционира изборот на кандидати? Во октомври највисокото дипломатско место во НАТО ќе биде испразнето. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е на функција од 2014 година, минатиот февруари преку […]
Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км. Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто со кои разговараше за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти и соработката, јави дописникот на МИА од Белград. „Со Виктор Орбан и Петер Сијарто за развојот на геополитичката ситуација, проценките, плановите, новите проекти […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот меѓународен поредок е загрозен од руската агресија врз неговата земја, нагласувајќи дека ако Украина падне, Русија ќе продолжи понатаму. – Не се работи само за нас. Ако ние паднеме, Русија продолжува понатаму. Има земји со империјалистички амбиции кои можат да ги преземат истите агресивни чекори. Ова е многу […]
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин. Како што пренесува Анадолија, за време на разговорот, Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот позитивен став во однос на продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито. Во соопштението од претседателскиот кабинет се посочува дека двајцата лидери разговарале и за чекорите […]
Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд. Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 отсто […]
Гордон Мур, ко-основачот на Интел, производител на полупроводници, почина вчера на 95-годишна возраст, објави неговата поранешна компанија. Интел процесорите се наоѓаат во 70 отсто од персоналните компјутери во светот. Мур, доктор по хемија, ја основаше НМ Електроникс во 1968 година заедно со физичарот Роберт Нојс, познат како „градоначалникот на Силициумската долина“. Неколку месеци подоцна двајцата […]
Припадници на терористичката Исламска држава киднапирале околу 40 луѓе во централната сириска провинција Хама и убиле најмалку 15, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Исламска држава“, која беше поразена во Сирија во 2019 година, сè уште има свои „спијачи“ кои убиваат во Сирија и Ирак – територии што некогаш ги сметаше […]
Првиот голем шумски пожар во Европа годинава е забележан во Шпанија, каде пожарот во провинцијата Кастелон зафати повеќе од 4.000 хектари шума. Според шпанските медиуми, пожарот се шири во периметар од 40 километри на широк простор кој се протега сè до провинцијата Теруел. Поради ширењето на пожарот, властите беа принудени да евакуираат 1.500 граѓани. „Околу […]
Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси. – Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот завршен збор. […]