Страшен и опасен момент доживеале патниците на авионската линија од Приштина за Хамбург, пишува Косова Пресс.
Безбедноста на авионот била загрозена од две птици кои влегле во моторот на авионот.
Еден од патниците, кој сакаше да остане анонимен, за КосоваПрес изјави дека од Приштина за Хамбург тргнале во 8 часот и 40 минути, но по 30 минути доживеале страшен момент.
„Бевме некаде над планините во Албанија, авионот почна да се тресе, мислев дека ќе паднеме и многу го стегнав појасот. По 30-минутно патување, се вративме на аеродромот во Приштина.