Во гаража во Белград пронајдена голема количина на бомби и оружје

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на МВР во Белград денеска околу 11:20 часот во гаража во Нов Белград пронашле поголемо количество оружје и експлозивни направи.

„Припадниците на полициската управа за град Белград денеска околу 11:20 часот во гаража во Нов Белград пронајдоа неколку огнено оружје, муниција и експлозиви. На лице место веднаш излегле припадници на Одделението за вонредни состојби.

„Полицијата во соработка со надлежното обвинителство ги спроведува сите потребни оперативни дејствија при утврдување на сите факти и околности и идентификување на лицето чие оружје е“, рече министерот Дачиќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ