Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него. На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски […]
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост поради „прекумерната употреба на сила“ против демонстрантите во Франција кои протестираат против пензиските реформи и ги повика властите да го почитуваат правото на протест. „Се случија насилни инциденти, од кои некои беа насочени кон припадниците на безбедносните сили“, се вели во соопштението […]
Премиерот на Црна Гора, во технички мандат, Дритан Абазовиќ изјави дека се согласува со ставовите дека предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро, но смета дека тоа треба да се случи низ „правна процедура“ и дека „правилен начин“ е да се скрати мандатот на Парламентот на Црна Гора. Абазовиќ во интервју за […]
Пол Русабагина, херојот од холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина. Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме. Тој […]
Британскиот премиер Риши Сунак денеска на средба со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху го покрена прашањето за судските реформи во Израел, соопшти канцеларијата на Сунак. – Премиерот Сунак ја истакна важноста на демократските вредности кои се основата на нашите односи, вклучително и предложените судски реформи во Израел, се вели во соопштението. Нетанјаху претходно беше пречекан […]
Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен затоа што има голем капитал и силна ликвидност, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ усвоени на крајот од самитот во Брисел. – Унијата значително ја зајакна отпорноста на банкарскиот систем на ЕУ. Нашиот банкарски сектор располага со силен капитал и позиции на ликвидност, изјавија европските лидери. (МИА)
Инфлацијата на цените на производството во Финска дополнително се намали во февруари на најниско ниво во речиси две години, покажаа податоците на финскиот завод за статистика објавени денеска. Индексот на цените на производителите се искачи за 9,2 проценти на годишно ниво во февруари, побавно од порастот од 10,7 отсто во претходниот месец. Понатаму, последната инфлација […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој денеска е во посета на Лондон, беше пречекан пред Даунинг стрит број 10 со свирежи и повици од демонстрантите незадоволни од најавените реформи во правосудството во Израел. Тој се ракуваше со британскиот премиер Риши Сунак на скалите на Даунинг стрит додека стотици демонстранти кои беа во близина носеа израелски знамиња […]
Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастељон во источниот дел на Шпанија. Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и Кастељон. Службите за итни случаи во регионот соопштија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум […]
Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата. Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх. Предвидено беше посетата да трае три дена. Со оглед на вчерашната најава за […]