Мексиканските власти уапсија 14-годишно момче со прекар „Ел Чапито“ за убиство на осум лица поврзани со дрога, во близина на Мексико Сити, соопшти федералниот оддел за јавна безбедност во четвртокот. Момчето отворило оган врз семејство во сиромашното предградие на Мексико Сити Чималхуакан, возејќи се на мотоцикл. За убиството, исто така, е уапсен уште еден човек, […]
Државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев ќе ги земе предвид одлуките на секоја земја од почетокот на инвазијата на Русија при донесувањето на идните одлуки, пишува Би-Би-Си. Кулеба, исто така, предупреди дека одложувањето на […]
Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска соопшти дека неговата Влада го одобрила планот на Украина да и испрати борбени авиони МиГ-29. Хегер истакна дека Владата едногласно одлучила да му испрати на Киев авиони од советската ера кои веќе не ги користи. Со оваа одлука Словачка стана втората земја – членка на НАТО која одговори на упорните […]
Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во коментар на својата страница на Фејсбук, […]
Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција. За […]
Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“. Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на […]
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори, откако вчера го потпиша Указот за распуштање на 27-то свикување на Собранието врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора, јави Мина. Уредбата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора. […]
Беше петок наутро, а бран на јавна паника почна да се шири околу една од водечките финансиски институции во технолошката индустрија. Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, нагласи дека кога банките доживуваат финансиски загуби, „тоа е и треба да биде причина за загриженост“. Следните 72 часа беа клучни, а САД успеаја да се справат со […]
Новиот претседател на Чешка, Петр Павел, платил казна од 60.000 круни (околу 2,7 илјади долари) поради немање информации за спонзорите во неодамнешната кампања за претседателските избори, објави чешката телевизија. -Претседателот Павел е казнет од Канцеларијата за надзор на економските активности на политичките партии со рекордна сума од 60.000 круни. Казната е изречена поради нецелосни информации […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена. За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека тоа биде потребно со пари и оружје. -Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако скорешното нејзино завршување за нас е многу посакувано, рече […]