Затворени избирачките места за претседателските избори во Црна Гора, излезноста 67 отсто

Затворени се избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Црна Гора, излезноста до 19 часот се проценува на околу 67 отсто, а ќе следат и првите проценки за изборните резултати, јави МИНА.

Во вториот круг се натпреваруваа актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега.

Според информациите на ЦДТ и ЦЕМИ, изборите поминале мирно, без поголеми нерегуларности кои би можеле да го загрозат изборниот резултат.

Право на глас имаа над 542.000 граѓани запишани во избирачкиот список.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *