Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Исклучително тесна изборна трка во Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин

Објавено: · 1 мин читање
Исклучително тесна изборна трка во Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин

Во Финска предмалку заврши гласањето за парламентарните избори, а во моментов се пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми.

Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми.

На трето место е националистичката, евроскептична и антиимигрантска партија „Финци“, на Рика Пура со 18,6 отсто. (МИА)