Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека на државата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот нагласи дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време. Министерството за […]
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 3.500 се повредени за време на свеченостите по повод иранскиот традиционален фестивал на огнот во пресрет на персиската Нова година, објавија денеска државните медиуми. Фестивалот на огнот, наречен Чахаршанбе Сури, се слави секоја година во ноќта на последниот вторник од иранската календарска година, кој завршува на 20 март. „Од […]
Словачката претседателка Зузана Чапутова смета дека е невозможно да се зборува за влез на Украина во НАТО се додека во таа земја има војна. -Што се однесува до приемот во Северноатлантската алијанса, ситуацијата на сите им е јасна – се додека Украина е во војна, не можеме да зборуваме за приклучување кон блокот. Ова произлегува […]
Финскиот претседател Саули Ниинисто утре и задутре ќе престојува во Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател. Претходно денеска, спорад двајца претеставници на турските власти, официјална Анкара планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО […]
Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија. Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас, кој леташе меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не воспоставил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува Би-Би-Си Њуз. Британските и германските воздушни […]
Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година. Како што соопшти статистичката агенција на оваа земја, стапката на инфлација е 102,5 отсто, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во […]
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов го повика во средата Вашингтон да престане со „непријателските“ летови во близина на руските граници, откако беше повикан во американскиот Стејт департмент и му беше вложен протест поради инцидентот во вторникот кога американско беспилотно летало по пресретнување на руски ловци падна во Црното Море близу Кримскиот полуостров. „Поаѓаме од […]
Новинарите во Грција, организирани од нивните здруженија, во пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк во рамките на утрешниот генерален штрајк за железничката несреќа, со што земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии. Во изминатите години пракса на новинарите е кога учествуваат во генерален штрајк на синдикатите, нивниот прекин со работата да биде ден […]
Компанијата „Amazon.com“ во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека планира да ги лансира своите први интернет сателити во вселената во првата половина на 2024 година и наскоро потоа ќе им понуди првични комерцијални тестови на корисниците. Компанијата се подготвува да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск и други во обезбедување услуги на широкопојасен интернет […]
Во свлечиште, предизвикано од силен дожд, загинаа две лица, соопшти официјален претставник, пренесе ДПА. Други четворица се водат за исчезнати откако земјиштето затрупа шест куќи во Богор, град на околу 60 километри јужно од Џакарта, наведе шефот на локалната агенција за управување со катастрофи, Теофило Патрисио Фреитас. Фреитас, кажа дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од […]