По успешното завршување на фазата на имплементација, пловечката фотоволтаична централа во Елбасан започна со работа. Првата пловечка централа во Албанија произведува струја од обновлива енергија кој се внесува во албанската енергетска мрежа. Централата се наоѓа во акумулацијата Бања, каде што норвешката компанија Статкрафт управува со хидроцентралата Бања, која има инсталирана моќност од 72 MW. Инвестицијата […]
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган. Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во […]
Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците. Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии. -Инфлациските притисоци се значителни, а трошоците […]
Албанскиот туристички сектор, што впрочем е појава присутна и во другите сектори, се соочува со недостиг на работна сила и покрај зголемените плати, поради што е принуден да ангажира странски работници, потврдува за весникот „Тема“ Васил Бединај од здружението на хотелските работници. – Се надевам дека информациите што секојдневно ги даваме на социјалните мрежи или […]
Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе […]
Екстремистичката вооружена група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загина гувернерот на авганистанската провинција Балх, Дауд Музмал и уште две лица во неговата канцеларија. Регионалниот огранок на ИД во провинцијата Хорасан е најголемиот ривал на талибанците и го зголеми интензитетот на нивните напади откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан […]
Вселенскиот телескоп „Евклид“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), сѐ уште е во стерилна просторија во Кан, Франција, па според предвиденото, за неколку месеци ќе оди во Вселената, заради обид да се расветлат двете големи мистерии – темната материја и темната енергија. Тие два теоретски и невидливи елементи сочинуваат 95 отсто од универзумот, претпоставува науката, но […]
Британскиот премиер Риши Сунак ќе договори поблиски одбранбени и безбедносни врски со францускиот претседател Емануел Макрон кога ќе се сретнат денеска во Париз и ќе се заложи за поголема соработка за поддршка на Украина и во индоевропскиот регион. Сунак патува во Париз со неколку министри на самит што ги опфаќа и миграцијата и енергетиката, а […]
Разликата меѓу грчките партии Нова демократија и СИРИЗА е намалена на 4,6 отсто од 7,4 проценти на претходната анкета, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за грчката телевизија „Антена“, прво истражување во Грција по железничката несреќа со 57 загинати. Владејачката партија добива 29,6 отсто, опозициската СИРИЗА 25 проценти, а на […]
Француската католичка црква исплати околу 7 милиони евра како компензација на жртвите на сексуална злоупотреба, откако беше претставен извештај за тие злосторства во есента 2021 година, јави ДПА. Од почетокот на 2022 година, 190 жртви во просек добиле отштета од 37.000 евра, објави во Париз независното тело создадено специјално за таа намена. Во 40 од […]