Дачиќ: Од почетокот на конфликтот во Украина не е извезено оружје на ниту една страна

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ги демантираше наводите за наводен извоз на оружје и воена опрема во Украина, кои ги објави британската агенција Ројтерс, јави дописникот на МИА од Белград.

– Министерот Дачиќ изјави дека Република Србија, почитувајќи ги внатрешните и меѓународните правни акти, не извезува оружје и воена опрема во ниту една земја доколку тоа овозможи избивање или продолжување на вооружените конфликти, загрозување на зачувувањето на регионалниот мир и безбедност или закана за нејзините одбранбени интереси, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Дачиќ истакна дека Србија се придржува до својата политика на воена неутралност и ги спроведува Заклучоците на Советот за национална безбедност од февруари минатата година.

Шефот на српската дипломатија, се наведува во соопштението, уште еднаш подвлече дека „од почетокот на руската инвазија на Украина, од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот“.

Дачиќ „наведе дека дозволите за извоз на оружје и воена опрема на Република Србија се издаваат исклучиво на купувачи со Сертификат за краен корисник, во кој, меѓу другото, се наведува дека крајниот корисник не може да реекспортира НВО без согласност на надлежните институции на Република Србија, се вели во соопштението. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *