Во петок, 13 ноември 2026 година, во ООУ „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа ќе се одржи манифестацијата „Ден на науката“, на која учениците ќе ги претстават своите знаења, идеи и креативност.
Посетителите ќе имаат можност да проследат интересни научни експерименти, презентации и креативни проекти подготвени од учениците, преку кои ќе се доближат до интересниот и возбудлив свет на науката.
Настанот ќе се одржи во спортската сала на училиштето, со почеток во 10:00 часот.
Од училиштето упатуваат покана до сите заинтересирани граѓани, родители и љубители на науката да присуствуваат и да ги поддржат младите истражувачи.




