Во Меморијалниот центар Поточари се изложени ковчезите на 30 жртви од геноцидот во Сребреница, кои ќе бидат погребани во вторник на 11 јули. Утрото нивните семејства им оддаваат последна почит.
Станува збор за нецелосни тела кои беа пронајдени во неколку гробници кои припадниците на Војската на Република Српска повеќепати ги ископуваа и ги преместуваа телата за да ги прикријат трагите на злосторството. Меѓу нив има четворица малолетни на возраст од 15 и 16 години.
По погребот на 11 јули годинава, во Меморијалниот центар Поточари ќе бидат погребани 6 752 жртви на геноцидот.
Досега повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор за геноцид и злосторства во Сребреница.
Во федерацијата БиХ, 11 јули е прогласен за Ден на жалост. На државно ниво не беше постигнат договор овој ден да се прогласи за Ден на жалост, бидејќи на седницата на Советот на министри на БиХ, министрите од ентитетот Република Српска беа против.
Во 2007 година, Меѓународниот суд во Хаг пресуди дека е извршен геноцид во Сребреница, за што повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор.
Се уште се трага по околу 1 000 останки, а годинава ќе бидат погребани 30 нецелосни тела на геноцидот во Сребреница.
И Бошњачкиот национален сојуз (БНС) во Скопје организира традиционален комеморативен „Марш за Сребреница“, во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот.
Маршот ќе започне во 18:30 часот, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“ и ќе заврши на плоштад „Македонија“ во 19:30 часот.