Двегодишно дете почина во Словенија, мајката го оставила два часа во автомобил паркиран на сонце

Двегодишно дете во Словенија почина во вжештен автомобил, откако било оставено само во возилото. И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.

Словенечката полиција ја уапси мајката и нејзиниот партнер и им е одреден 48-часовен полициски притвор.

„Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил“, предупреди словенечкиот завод за јавно здравје. Нагласуваат дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди: „Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме“, додаваат тие.

Како што вчера изјави за ТВ Словенија, помошник началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Цеље, Алеш Слапник, мајката и нејзиниот партнер се во притвор од 48 часа поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

Трагичниот настан се случи во Свети Ловренец. Детето било оставено заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот. Според неофицијални информации на 24ur.com, станува збор за момче кое немало ни две години. Било затворено во автомобилот најмалку два часа.

Ова е прв ваков случај со смртни последици во Словенија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ