ЕБУ бара помош за спас на РТВ на БиХ

Генералниот директор на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) Ноел Куран го повика неодамна именуваниот состав на Советот на министри да помогне за опстанокот на јавниот државен сервис БХРТ, кој е во финансиски проблеми поради опструкциите од Република Српска.

-Бараме ваша итна поддршка за јавниот радио и телевизиски сервис во БиХ. Се надеваме дека вашите неодамнешни назначувања ќе дадат нов поттик за развојот на силна финансиска и правна рамка за вашиот јавен медиум, БХРТ, кој претставува важна демократска институција на вашиот пат кон членство во Европската Унија, се вели во писмото на Куран до претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и државниот министер за транспорт и врски, Един Форта.

Копија од писмото е испратена и до шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер, високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит и бројни меѓународни претставници ангажирани во Босна и Херцеговина.

Радио телевизија Босна и Херцеговина (БХРТ) долги години има финансиски проблеми, а нејзините долгови надминаа 40 милиони евра, пред сè затоа што јавниот радиодифузен сервис на ентитетот Радио телевизија на Република Српска (РТСР) не плаќа дел од надоместокот за поседување РТВ приемници до државниот сервис. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *