ФОТО Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа утрово на автопат во Хрватска

Сообраќајна незгода се случи на автопатот А3 помеѓу крстосниците Новска и Окучани. Делницата од автопатот Брегана-Липовац е затворена за сообраќај. Полицијата извести дека загинале две лица.

„Околу 07:15 часот на АС А3 јужно, помеѓу Новска и Окучани, се судриле камион и патничко возило. Две лица загинаа. „Поради истрагата затворен е дел од автопатот, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат“, соопштија од полицијата.

Во моментов обиколната траса е клучка Новска – DC47 – ŽC3252 – DC5 – клучка Окучани, јавува ХАК.

ХАК јавува дека на тој дел од автопатот, кај клучката Новска во правец кон Липовац, се формирала колона возила долга два километри.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ