„Фристајлер“ тоне се повеќе: Исчезнати клучни докази, прво огласување од сопствениците

Сплавот „Фристајлер“ кој делумно потона за Новогодишната ноќ, сега се повеќе тоне, јавуваат српските медиумите. Засега нема информации кога ќе почне извлекувањето на локалот од водата.

Блиц.рс објавува дека за дочекот на Новата година на популарниот сплав имало над 700 луѓе, иако истиот е регистриран за 220 лица.

Порталот пишува и дека комплетната документација е потопена, а неупотреблив и е видео надзорот бидејќи се завршило под вода.

Во меѓувреме на официјалните профили на социјалните мрежи на „Фристајлер“ нова објава.

-„Фристајлер“  и „Фристајлер зимска сцена“ нема да работат поради годишен одмор и новонастанатата ситуација. Отворањето ќе го објавиме на социјалните мрежи, стои во објавата.

Поради инцидентот три лица, меѓу кои и грчки државјанин, се уапсени.Тие се сомничат дека на 31 декември 2022 година дозволиле да се качат на платформата поголем број луѓе од капацитетот на објектот, поради што тој делумно потона и со тоа беше загрозена безбедноста на голем број луѓе. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *