Годинава Косово ќе го напуштат над илјада медицински сестри

Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша денеска изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската Унија.

„Во текот на оваа година, од јануари досега, 220 медицински сестри ја напуштија државата. Можам да кажам дека повеќе од 1.000 се очекува да го напуштат Косово оваа година. Според податоците, повеќе од 2.200 медицински сестри се на курсеви и имаат договори со германската држава“, изјави Бериша за приштинските медиуми и нагласи дека земјите како САД, потоа Холандија и другите членки на ЕУ почнале да примаат медицински сестри.

Според него, од 220 медицински сестри кои годинава го напуштиле Косово, 40 отсто работеле во јавно-приватниот сектор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *