Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 13°C Струга 13°C Пријави вест
Балкан

Ѓукановиќ го призна поразот, Црна Гора има нов претседател

Објавено: · 1 мин читање
Ѓукановиќ го призна поразот, Црна Гора има нов претседател

Мило Ѓукановиќ го призна поразот во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора и му честиташе на својот противкандидат Јаков Милатовиќ.

„Го прифаќам ваквиот суд на демократската јавност на Црна Гора. Ѝ посакувам сè најдобро на Црна Гора, сакам новиот претседател да биде достоен на довербата што ја доби“, изјави Ѓукановиќ во својот изборен штаб.

Според последните податоци на Центарот за демократска транзиција, 37-годишниот Милатовиќ освои 58,9%, а Ѓукановиќ 41,1% гласови.