Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина, повика да се работи на неговото спроведување

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина „на патот кон нормализација на односите“ и нагласи дека страните мора да работат „брзо“ и „со добра волја“ за да ги „материјализираат сите свои обврски од договорот“.

„Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу страните за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, изјави Фархан Хак, заменик – портпарол на генералниот секретар.

Гутереш изјави дека исполнувањето на договорот ќе донесе корист за сите и нагласи дека меѓународната организација „останува посветена на поддршката за спроведувањето на договорите кои произлегуваат од дијалогот меѓу Приштина и Белград, со посредство на ЕУ“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *